Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка, кој доби подршка од собраниската Комисија за финансирање и буџет, ќе значи  еден вид олеснување за малите фирми.

Имено, согласно предложените измени, даночните обврзници чиј вкупен приход, остварен претходната година по сите основи не изнесува повеќе од три милиони денари, ќе бидат целосно ослободени од обврската за плаќање данок на добивка.

Според најавите од министерството за економија, на трговските друштва кои во текот на годината остваруваат од три до шест милиони денари приход, со измените на законот ќе им се овозможи избор на моделот на оданочување. Ќе имаат можност да плаќаат данок на вкупен приход во висина од еден отсто, наместо данок на добивка од 10 проценти, како што предвидува постојното законско решение. Одбраниот модел на оданочување нема да може да го менуваат во следните три години, вклучувајќи ја и годината за која се плаќа данок на вкупен приход.

OhridNews