Принцот од Кембриџ ќе се вика Џорџ Александер Луис. Веста била објавена два дена откако дошол на свет, и тоа со службено соопштение од Кенсингтонската палата. Принцот Џорџ е трет во редот за бртанскиот престол, а кога ќе стане крал, службената титула ќе му биде Крал Џорџ Седми. Во соопштението било наведено дека војводата и војводтката од Кембриџ се пресреќни што можат да објават дека синот добил име Џорџ Александер Луис. Службената титула му била Неговото величество  Принц Џорџ од Кембриџ.

Медиумите навеле дека во името имало многу симболика. Џорџ е името на таткото на кралицата, Џорџ Шести, кој починал во 1952 година. Се смета дека името Луис е посветено на Лордот Луис Моунтбатен, таткото на принцот Филип, сопругот на Кралицата Елизабета Втора. Лордот Луис бил многу близок со принцот Чарлс. Се нагаѓа дека името Александер се однесува на кралицата Елизабета, чие средно име е Александра. Парот релативно брзо го објавил името на принцот во одност на претходните кралски бебиња. На пример, името на Вилијам било објавено една седмица по раѓањето, додека на името на неговиот татко Чарлс се чекало дури еден месец.