Уметничката Аелита Андре од Австралија има само четири години, а своите слики веќе ги продава по цена од 15 000 евра. Девојчето стана светски познато, а наскоро ќе има самостојна изложба во Њу Јорк. Историчарите на уметност од Австралија ја споредуваат дури и со Пикасо.


-Аелитеа боите за сликање ги избира сама. Многу е одлучна, а дури и се лути ако некој и кажува што да нацрта-вели нејзиниот горд татко. Нејзината мајка кажува дека девојчето започнало да слика од 11 месеци. Сега дома има и свое ателје. Нејзината најскапа слика до сега е вселенската станица Мир, а ја продала во Хонг Конг. Нејзините родители кажуваат дека никогаш не ја присилувале да слика.