11-годишниот Илче од Охрид, кој беше напуштен од родителите, по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него. Тој сега ќе замине во мал групен дом, најави министерот за здравство Венко Филипче.

 

Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом. Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство.

Огромна почит за сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеа за него. – напиша на социјалните мрежи министерот за здравство Венко Филипче.

Mалиот Илче од Охрид подготвен болницата да ја замени со дом

 

OhridNews