Двокраниот освојувач на трофејот во Купот на Македонија, Фени Индустри натпреварите во овогодинешното издание ги заврши во 1/4 финалето откако претрпе пораз од Кожув 76-59.

– Кошаркарите на Кожув сосема заслужено победија и обезбедија пласман во 1/2 финалето. Ние одигравме сосема две различни полувремиња и тука ќе ја бараме причината за елиминацијата. Во првото полувреме им парирарвме, но во вториот дел нашиот мал ростер на играчи пресуди, а и искуството беше на нивна страна – рече тренерот на „портокаловите“, Љупчо Малинков.

Во кавадаречкиот состав доминира младата снага, која е подпомогната од искусниот Ефтим Богоев и најновото засилување Ристе Стефанов.

Мх.П.