Ј.П.”Охридски Комуналец” има иницијатива за оформување на мали лапидариуми на одредени делови од парковските површини во Охрид. Намерата е , како што објаснуваат од „Комуналец“, дел од старите артефакти кои не е презентирани да се искористат во осмислени хортикултурни содржини.

– Идејата е презентирана пред Завод и Музеј – Охрид, кој истата ја оцени како добра, но за нејзино официјализирање ќе се разговара на повисоко ниво во Министерството за култура на Р.Македонија, информираат од јавното претпријатије.