Додека во Европа и САД се уриваат малите хидроцентрали во планините, во Македонија се субвенционира изградбата на ваков тип електрани. Со 96 изградени и триесет во изградба Македонија е на второ место по број на хидроелектрани на Балканот, по Србија.

Бизнисот со мали хидроцентрали им го загорчи животот на жителите во неколку рурални општини, каде се граделе или градат овие енергетски капацитети. Дел од нив останале без вода за пиење, а речиси насекаде последиците по животната средина се катастрофални, се наведува во истражувањето на СКУП, објавено деновиве.

Мали хидроцентрали – големи проблеми

OhridNews