Сопругите на фудбалерите и богатите следбеници на модните трендови, ги замениле чивавите со минијатурни африкански ежови кои оваа година станаа украс во женските чанти. Долги се само 12 сантиметри и многу лесно се одржаваат, велат одгледувачите кои ги продаваат за околу 300 евра.
Модната креаторка Диана Матер вели дека ежот е совршен за секоја џет сетерка која веќе има се. Здруженијата за заштита на животните во Велика Британија се разбесниле затоа што животните сега служат како украс и велат дека таквото однесување е целосно неодговорно.