Малезиските власти ги демантираа информациите дека уапсиле терористи во рамките на истрагата за исчезнувањето на авионот на „Malaysia Airlines” кој со 239 патници и членови на екипажот исчезна на 8-ми март на летот од Куала Лумпур до Пекинг.
 
„Тие информации се глупост. Тоа нема никаква поврзаност со авионот’, изјавил за малезискиот дневен весник Стар, главниот инспектор на полицијата Тан Шри Калид Абу Бакар.

Повеќе странски медиуми меѓу кои и лондонскиот The Daily Mirror викендов пренесоа дека малезиската полиција уапсила и испитува 11 наводни терористи во врска со исчезнувањето на авионот.

OhridNews

извор Макфакс