Североисточната малезиска држава Келантан, со која управува фундаменталистичка исламистичка партија, ги забранила карминот и високите потпетици во склоп на новите правила за облекување на вработените жени.

Во правилата се наведува дека муслиманките не смеат да носат тешка шминка, сјајни кармини и чевли со високи потпетици кои призведуваат звуци.


Жените кои ќе носат високи подпетици ќе мораат да одберат од оние со гумен подлоги.

Членовите на државниот извршен совет, кои ја донеле таа директива, изјавиле дека нејзинз цел е да ги спречат инцидентите, како што се силовање или недозволено однесување, и да го зачуваат достоинството и моралот на жените во државата.