Малезијка се разбудила на полноќ и открила дека голиот маж што лежел во нејзиниот кревет е крадец, а не нејзиниот маж. Жената (36) цврсто спиела кога крадецот видел дека нејзиниот маж цврсто спие на каучот во дневната, се соблекол и легнал покрај неа.
Жената се посомневала кога нешто му прозборела, а гласот кој и возвратил не и бил познат. Отишла во другата соба и го видела сопругот како спие на каучот. Почнала да вреска, а крадецот избегал низ прозорецот заедно со украдените предмети.