Малезиец оженет со три жени, со кои има 18 деца, побарал дозвола од судот за да може повторно да се ожени.

Вработен во Високиот суд на источната малезијска држава Теранган, изјавил дека Мухамед Нор Аванг (51), дошол на суд со своите три сопруги како би побарал судско одобрение за да може да склучи уште еден брак.


Сопругите наводно се согласиле со тоа под нивниот кров да им дојде четврта жена, но судијата претходно побарал известување од банка, како би утврдил дали Мухамед Нор финансиски ќе може тоа да го издржи.