Маж во Малезија е обвинет за подметнување пожар бидејќи татко му му забранил да гледа филмови на ДВД.
Откако таткото му забранил на 30-годишниот син да гледа филмови, тој се налутил и го нападнал татка си со нож. Расправијата ја прекинала сестра му а по извесно време целото семејство излегло од куќата, оставајќи го синот сам.
Неколку часа подоцна, ги повикал соседот и им рекол дека куќата им е во пламен. Се утврдило дека синот го подметнал пожарот и избегал.