Минатата недела на подрачјето на општина Охрид се случи убиство, еден човек се удави во Охридското Езеро, а еден турист почина од срцев удар. Малерозната недела заврши со повеќе сообраќајќи, инциденти и други несреќи.
Како што веќе објавивме едно деветгодишно девојче и жена загинаа, а четири лица се повредени, од кои две потешко, во судир на „Југо„ со скопски регистарски таблички и „Опел-Корса“ со тетовски регистарски таблички ,што вчера околу 10 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Врбјани.
Вчерашниот ден беше несреќен и за уште две лица кои по пад од моторот со кој патувале со тешки телесни повреди завршиле во коснозглобната болница.
Викендот во Охрид го одбележа и бизарната несреќа на еден српски турист кој по вечерната забава во саботата сакал да се разлади во езерските води. Но скокот во вода од кејот бил кобен за туристот кој со тешка повреда на главата завршил исто така во коснозглобната болница.
Г. Момироски