Цели шест кола охридските сини чекаа да се израдуваат на победа , последен пат се радуваа на натпреварот со Беласица на Билјанини.Чекаа стрпливо, работеа и конечно победата стигна над тетовска Дрита која во Охрид се покажа во светло издание.Охриѓани извојуваа уште една “чиста ” победа со што мрежата на Крамачоски во Охрид мирува цели 540 минути.

Не можеше подобро да за почне натпреварот за домашните кои во првата акција со првиот удар кон голот преку Степаноски дојдоа до водство.Од ценатар тргна Степаноски кој двојно проигра прво со Бимбилоски,потоа со Шакири а Попанчски на тацна го послужи за овај да им покаже на напаѓачите како се постигнуваат голови.

Раното водстово не ги поколеба гостите кои го наметнаа своето темпо, а Исмали и Фејзулаи не реагираа најдобро по одлично нафрлените топки на офанзивниот Демири.До поголема предност да крајот на првите 45 мин сините не дојдоа благодарение на Пишовски кој одлично реагираше на ударот на Марксоки по земја.

Во вториот дел гостите комплетно се отворија и со играч помалку се обидуваа да стигнат до бод,најопасни беа по ударите од корен а токму по еден таков удар Крамачоски по ударот на Алили спасуваше од самата гол линија .Крилја им дадоа таквите прилики на гостите кои се залетаа и заборавија на својот гол.Падот на концентрацијата ги чинеше нов гол во нивната мрежа.Атај “краде” едан топка на 20 метри двојно проигруваат со Маркоски по што Атај избива сам пред Пишовски и со својот четврти гол во првенството става печат на победата .

Алију предвреме испратен на туширање

Од 38 мин на натпреварот гостите останаа на теренот со играч помалку по исклучувањето на Аилији. По стартот на Попанчески , Алији неспортски регаираше  газејки го легнатиот Попанчески по што доста солидниот Цветкоски му го покажа патот кон соблекувалната.

Од записникот

СТАДИОН  : Билјанини Извори  Играно без гледачи. Судии: Цветкоси Игор Асистенти Дедески Илија  Тошески Стојче сите од Скопје Делегат:Скендер Каја од Дебар

Жолти картони: Попчаноски ,Степаноски,Маркоси , Бимбилоски  (О), Муслија  (Д).
Црвен Картон : Алији (Д)

Стрелци :Степносвски 5` , Атај 75` (О)

Охрид: Карамачоски, Бимбилоски, Степаноски, Лошкоски, Велкоски, Попчаноски , Маркоски(86` Чашитоски), Шакири,Далчев (30` Димоски ), Ѓоршески  (5 `Атај,  ) ,

Дрита: Пишовски ,Демири(76 ` Исамили)  ,Алији ,Алили ,Џангаровски ,Муслиа ,Лена ,Јусуф ,Имери(57` Зиба)  ,Фејзулаи(46` Емини)  ,Исмалили

[email protected]