На Илинденскиот куп за прв пат беше доделна специјална награда “Делфин“ и тоа  лично од познатиот охридски пливач Александар Маленко. Наградата која годинава замина во рацета на  најмладите пливачи Симоноски Иван до Олимпик од Битола и Димитар Камнаровски холанѓанец со потекло од Охрид, ќе прерасне во традиоцинална.


Симоновски и Камнаровски во друштво со Маленко

–    Јас посакувам и се надевам дека во блиска иднина ќе се роди некој македонски пливач кој ќе биде успешен во маратонското пливање. – рече Маленко.

Нико Нестор : “Малите“ маратони, даваат “големи“ маратонци

– Сите мали маратони даваат по некој добар маратонец,  се надевам дека и понатаму ова ќе биде добра основа за развој на маратонското пливање. Годинава имавме голема масовност, пред неполн месец постигнавме договор со познатиот маратонец Мајл Рид да направиме поголема соработака. Очекувам во годините кои доаѓаат овај маратон да се добие на “километража“, па така наместо 2,5 неговага должина да биде 5, па и 10 километри, се со цел да го доближиме до големиот маратон – рече Нико Нестор.

М.П.