Откако во понеделникот адвокатот на Кејти Холмс објавил дека неговата клиентка и Том Круз се разведуваат спогодбено, се дознаваат и деталите од нивниот договор околу старателството над шестгодишната ќерка Сури.
Се чини дека Кејти Холмс и Том Круз сепак се договориле околу тоа. Барем за одредено време. Имено, девојчето привремено ќе живее со својата мајка во Њу Јорк, каде ќе ја посетува и татко и Том.
И двајцата премногу го сакаат девојчето, а Том смета дека треба да биде со мајката.
Кејти сега престојува во Њу Јорк со ќерка си, која досега ја школувале приватни учители во домашни услови. Но, мајка и ќе ја запише во приватно училиште на Менхетн. Актерката и Сури таму живеат во трособен стан пред кој неколку пати се фотографирани.