“Ултрас “навивачите на Милан ја распипа прошталната забава на легендарниот Паоло Малдини. За време на почесниот круг на Сан Сиро “Curva sud“ со свирежи го наградија капитенот истакнувајќи транспаренти од кои на еден пишуваше “Само еден е капитен, Франко Барези“.


Останатите навивачи на Сан Сиро пак со аплаузи го испратија Малдини кој е роден во Милан и целата своја фудбалска кариера ја помина во “росонерите“.

Во одбрана на Малдини, и со критика на недоличното однесување на „Ултрас“ се јави и Франко Барези кој кратко рече: “Жал ми е за Паоло , тој во никој случај не заслужи ваков третман“.

Нетрплеивоста помеѓу Ултрас и Малдини кулминирала по финалето во Истанбул 2005 кога Милан на пенали беше поразен од Ливерпул. Како што велат навивачите тој не покажал доволно респект во минатото.

Малдини, кој со овации беше испратен од останиот дел од стадионот изјави: „Горд сум што не сум еден од нив“.