Австралиец кој ја убил сопствената мајка се жалел дека 17-годишната затворска казна за злосторството е премала. Адам Патрик Овенс (36) ја признал вината за убиството на 69-годишната мајка во куќата во Њов Јужен Велс. За време на судењето, адвокатот му рекол на судијата дека екстремно голема казна ќе биде адекватна за убиецот.
Но судијата Луси Мек Калум го осудил на 17 години. Братот на осудениот, Калеб Овенс, смета дека казната е во ред и мило му е што судијата не обрнал големо внимание на говорот на убиецот кој тврдел дека воопшто не му е жал и дека истото би го направил повторно.