Ќерката на британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт ќе се вика Шарлот Елизабет Дајана, пренесуваат медиумите. Официјалните лица од Кесингтонската палата го соопштија името на девојчето, два дена откако гордите родители војводата и војвотката од Кембриџ станаа родители.

 

Инаку, денес со почесна топовска палба било прославено раѓањето на принцезата од Кембриџ. Името на принцезата е тројна мешавина на имињата на дедото принцот Чарлс, пабабата кралица Елизабета Втора и покојната мајка на Вилијам, Дајана, која погина во сообраќајна несреќа во 1997 година.