Малечката Харпер Бекам која е стара само година и пол, секогаш со воодушевување ги прати натпреварите на својот татко Дејвид.Така со својата мајка Викторија и браќата Бруклин, Ромео и Круз, го гледала натпреварот на кој играл нејзиниот татко. Плескала со рачињата кога татко и асистирал за двата голови што ги постигнал клубот на Дејвид.

Иако биле на фудбалски натпревар, Харпер и овој пат била беспрекорно дотерана. На натпреварот дошле и родителите на Дејвид, кои биле задолжени за чување на внуците кои во ВИП ложата ги забавувале сите околу себе.

Дејвид вели дека поддршката на најблиските му е најважна. Поради тоа неговата сопруга не пропушта ниту еден натпревар и со своите деца го прати насекаде низ светот.