Маларична ќе се дислоцира од просторот каде што сега се наоѓа, изјави за Ohridnews, раководителот на Секторот за урбанизам при локалната самоуправа Бранко Арнаудовски.

„Според Генералниот урбанистички план, предвидено е Маларичната да се дислоцира во кругот на Општата болница во Охрид, за што согласност има и од Министерството за здравство“, рече Арнаудовски. Тој објаснува државата ќе распише тендер за уредување на просторот каде сега се наоѓа Маларичната, каде е предвидено да се гради станбено-деловен комплекс и поликлиника.


Маларична ќе се дислоцира

Приземјето и првиот кат повторно би се користеле во функција на здравството, додека приватните концесионери кои сега работат во Маларична својата дејност ќе продолжат да ја извршуваат во комплексот на општата болница, информираше Арнаудовски.

Ohridnews