Осумнаесетгодишната пакистанка Малала Јусуфзаи, која ја освои Нобеловата награда и која стана светски позната по храбрата борба за правата на девојчињата, што за малку ќе ја чинеше живот, влезе во светот на милионерите.
Богатството Малала го стекнала во најголем дел од продажба на нејзините мемоари, како и од бројните настапи низ светот како говорник.
Во 2012 Малала преживеа напад на автобус. Долго се лекуваше во Велика Британија каде живее и денес. Нејзините мемоари „Јас сум Малала“ во 2013 година во Британија се продадени во тираж од 287.000 примероци, што и донело заработка од 2,2 милиони фунти, а уште 1,8 милиони примероци продадени се во светот. Голем е интересот и за нејзините говори кои таа ги наплаќа по 152.000 долари.
Малала формираше фондација за борба за правата на девојчињата, а нејзиното семејство во 2013 година отвори компанија за заштита на авторските права на најславната Јусувзаи, чија вредност минатата година е проценета на 1,87 милиони фунти, пренесуваат британските медиуми.
OhridNews