Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во мај 2010 година, во споредба со април 2010 година, изнесува 100.1. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано само во групата Храна за 0.2%.
Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2010 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 0.5%.