Во желбата за учество и во мотивите за победата и препливувањето на навидум лесната и кратка делница од 2.5 километир се познава големината на 52-та пливачи кои учествуваа на 37-то издание на Илинденскиот пливачки маратон.
Андреј Стојаноски по четврти пат се искачи на највисокото место на пиедесталот: Почести и аплаузи добија сите учесници, а посебно најмладите за кои ова е голем подвиг и секако, патоказ за понатаму.
Покрај основните награди за најдобрите организаторите годинава доделија награди и за најмладите учесници. Кај машките признание доби охриѓанецот Василиј Топалоски додека кај женските најмлада беше Калина Захариева која и победи во својата конкуренција.
Годинава на Илинденскиот пливачки маратон мора да се поздрави учеството на повеќе пливачи и пливачки од охридските клубови Охридски Бранови и Делфина.
Фото галерија:
Андреј Стојаноски и Стефани Тримчевска победници на 37-от Илиндески пливачки маратон
Реакции по завршувањето на 37-от Илинденски пливачки маратон
Мх.П.