Четвртиот ден од турнирот во мал фудбал Охрид 2008 донесе извонреден фудбал полн со возбудувања, голови и пресврти.

Вечерта ја отворија екипите на Марлин од Лескоец и Хотел Тино. Во натпревар со пресврт Марлин славеше со 4:3. Поведе х. Тино преку Иван Василев во 6-та минута, а веќе во следната Александар Фармаскоски зголеми на 2:0. Три минути подоцна Марлин се буди и преку Аднан Агушески намалува на 1:2. Благоја Лолески во 17м. израмнува, а Ристе Лолески во 27м. го донесува тимот од Лескоец во водство. Во 31м. Славчо Јосифоски зголемува на 4:2, а конечните 4:3 ги постави Иво Христоски во 39 минута.


екипата на Марлин


екипата на х. Тино

По многу возбудувања славеше тимот од Лескоец

Во вториот натпревар фудбалерите на Бекче триумфираа над Манге со 4:2 и обезбедија пласман во следната фаза. Со головите на Гоце Маркоски, Јорде Климоски, Дејан Милошески и на Ропче Маркоски, Бекче поведе со 4:0. Манге со головите на Гане Митрески и Саше Силјаноски го ублажи поразот.


Бекче“ рутинирано во наредната фаза

Четвртата турнирска вечер се заокружи со супер ефиканиот дуел помеѓу Ривиера и Обложувалници Фаворит кои славеа со убедливи 13:3.  Стевчо Јованоски постигна 2, Зоран Лазарески 3, Душко Георгиески 1, Никола Цветкоски 4 и Ристе цветкоски 3 гола за Обложувалници „Фаворит“, додека Томе Блажески – 2 и Димче Шопоски – 1 беа стрелци за Ривиера.


Ривиера

Фаворит


Обложувалници Фаворит немилосрдни

Турнирските возбудуваа продолжуваат денеска во 21ч. во с.с. „Билјанини извори“.

ohridnews