Лекарите препорачуваат да се избегнува директен престој на сонце, какви било напорни активности, да се престојува во затворени простории, пред се климатизирани, да се носи светла и лесна облека, а на сонце да се излегува со заштитни очила и капа. Да се внесуваат помали количини храна, а повеќе течности и да се избегнуваат алкохолни и пијалаци кои содржат кофеин.
При привремено излегување од возилото да се отвори прозорецот за да се овозможи вентилација и да се не остава никого во автомобилот. Посебно дисциплинирани треба да бидат хроничните болни, особено оние со болести на срцевосадовиот систем, невролошките и белодробните болести и за сите промени во здравствената состојба задолжително да се консултира матичен доктор, а почесто во денот да се проветруваат просториите.