Предворјето на црквата „Света Софија” зрачеше со уметнички талент и младешки творечки дух од 170 млади ликовни уметници кои заедно со нивните ментори ликовни педагози беа дел од 43. Меѓународна детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ организирана од страна на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” од Битола.
Пред многуте уметнички души кои го покажаа својот талент добивајќи дипломи за најубави уметнички слики на денот, заменик-градоначалник на Охрид Перчо Божиновски истакна дека секогаш ја имаат поддршка од локалната самоуправа на Општина Охрид.
Како локална самоуправа која ги негува културата и уметноста продолжуваме да ги претставуваме Охрид и Македонија како ризница на културни збиднувања и привлечни туристички места, рече Божиновски.
Рекорден број млади уметници поканети од 24 земји на своите штафелаи со четки и палети го красеа Охрид пренесувајќи ја на сликарско платно староградската архитектура, покрај архитектурата на Битола и манастирот „Свети Јован Бигорски”.
OhridNews