Максимовски со извонредна инструментална преработка на македонската традиционална песна „За Деспина“. Оваа преработка е една од нумерите кои ќе се најдат на новиот албум на Ѓоле Максимовски и бендот „Максимовски јунајтед“.
Инспирацијата за оваа песна ја црпи од убавината на самата мелодија, градот Охрид, луѓето, езерото и се тоа смеснено во еден „worldmusic afro gruv”.
Ѓоле Максимовски е познат македонски басист со охридски корени и вљубеник во Охрид.
OhridNews