Времето утрово ќе биде студено, преку ден сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Охрид утрово ќе биде студено, преку денот променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 5 степени.

Од УХМР информираат дека утре ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, кои насекаде ќе се спуштаат под нула и ќе бидат во интервал од -9 до -1 степен.

Од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите повремено ќе преминуваат во снег. 

 

OhridNews