Во Охрид денес не очекува сончево време со значителна ниска облачност. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 21 степени.

Времето претпладне вдолж Повардарието со магла и значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во останатиот дел од земјата сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а особено вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. До петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено вдолж Повардарието.

 

OhridNews