Државна лотарија ja објави веста за почеток на соработка со еден од омилените ликови на нашата јавна сцена, Бубо Каров ‒ Цацко.
Единствениот Цацко внесе свежа, забавна и богата содржина во нашата најнова лотариска приказна ‒ „Макси златна рипка“, за макси желби.

Тој  сподели со нас дека повремено игра лото и инстант лотарија затоа што општите игри на среќа на Државна лотарија се навистина за добро, бидејќи ем народот се забавува и добива, ем сите учествуваме во едно заедничко поголемо добро. За време на подготовката  на материјалите за кампањата на инстант лозот „Макси златна рипка“, имавме прекрасно дружење, многу смеа, досетки, безброј рибарски приказни раскажани од Цацко и море од позитивна енергија, за што искрено му се заблагодаруваме, велат од Државна лотарија.

Воедно, нестрпливи сме да ви покажеме што сè подготвивме со  Цацко, затоа следете ја нашата кампања и следете нè на социјалните медиуми, се надеваме дека убавата енергија ќе ви ја пренесеме и вам, велат од „Лота Инстант лозот“.

Макси златна рипка е првиот инстант лоз на Државна лотарија со досега најголема ‒ макси понуда на парични премии: 10 премии по 1 000 000 денари, 10 по 500 000,  10 по 100 000 и многубројни помали добивки.

 

ОhridNews