Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека нема причина да се прифати барањето на Русија за плаќање на рускиот гас во рубли.
Сите текстови што се потпишани се јасни. Ова е забрането, рече Макрон на прес-конференција по синоќешниот самит на ЕУ во Брисел.
Тој додаде дека „европските компании кои купуваат гас и работат на европска територија мора да го прават тоа во евра“.
Затоа не е можно да се направи тоа што се бара денеска, тоа не е договорно, изјави Макрон.
Францускиот претседател додаде дека не верува оти Русија сака да ги раскине договорите, но изјави дека, ако е така, тогаш Москва треба тоа да го каже експлицитно, пренесуваат британските медиуми.
OhridNews