Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Русија е жртва на исламистички напад и додаде дека групата одговорна за нападот во Москва неколку пати се обидела да изврши акции на француска територија.

Им предложивме на руските служби и на нашите партнери во регионот да ја зајакнат соработката. Мораме да избегнеме секаква инструментализација или искривување на она што се случи и да дејствуваме прецизно и ефективно … Тоа е духот во кој одиме напред, и се надевам дека Русија ќе го стори истото, нагласи  Макрон по пристигнувањето во Гвајана.

Француската влада го подигна степенот на тревогата за тероризам на највисоко ниво по нападот во Москва.

OhridNews