Франција останува на тврдиот став да запре понатамошното проширување на Европската унија додека таа не спроведе неопходни внатрешни реформи. Оваа порака тој ја повтори за време на официјалната посета на Белград, која завршува денеска.
ЕУ и нејзините 28 членки не функционираат и како такви не можат да примаат нови играчи во своето друштво. – порача Макрон, пренесуваат српските медиуми.
Тој и порача на Србија дека треба да продолжи по патот на реформите, јасно алудирајќи на целиот Западен Балкан дека треба да го исполни својот дел од задачата, а ЕУ сопствениот. Кога ќе биде можно негово интегрирање, Макрон не даде конкретен одговор, освен дека не треба да се врзуваме за никакви датуми.
OhridNews