Носителот на листата на Коалицијата за Европа „Сонце“ во 5-тата изборна единица, Јани Макрадули, вчера оствари средба со младите активисти од Локалниот клуб на СДММ од Охрид. На средбата, на младите социјалдемократи им беше претставена изборната програма на Коалицијата за Европа „Сонце“ за вонредните парламентарни избори во Република Македонија, со посебен акцент врз одредбите и очекувањата што се однесуваат на животот, активностите, шансите и можностите за просперитет на младите во Република Македонија, соопшти Изборниот штаб на СДСМ во Охрид.
На средбата била потенцирана огромната важност на претстојните вонредни парламентарни избори, од аспект на неопходната потреба за запирање на масовниот одлив на младите стручни кадри од нашата држава.
Носителот на листата на Коалицијата за Европа во 5-тата изборна единица, вчера остварил средба и со претставници од Сојузот на борци од НОБ и Револуцијата. на која била претставена изборната програма на Коалицијата „Сонце“.
ohridnews