Носителот на кандидатската листа на коалицијата „Сонце“ во 5-та ИЕ, Јани Макрадули, денеска ќе престојува во Струга.
Предвидено е тој попладнево во Општинскиот Изборен Штаб на СДСМ- Струга да оддржи прес конференција. Како што е најавено на средбата со новинарите ќе бидат презентирани приоритетите и изборната програма на коалицијата за Европа „СОНЦЕ“, а ќе стане збор и за владеењето на ВМРО- ДПМНЕ во Општина Струга.
На прес конференцијата ќе говори и кандидатот за пратеник од СДСМ- Струга Александар Попоски.
ohridnews
повеќе за изборните активности во Охрид:
„Избори 2008“