Со заеднички сили и средства македонските иселеници во Виена- Австрија изградија нов објект за потребите на  црковната општина и културна заедница Св. Наум Охридски – Виена.

Осветувањето на објектот ќе го изврши Митрополитот европски г. Пимен во недела, 9- ти септември кога ќе биде оддржана Света Архиерејска Божествена литургија.

–    Овој голем и светол момент за сите македонски верници и Македонци представува поставување нов камен темелник на нашето македонско битие во Виена. Иако надојдени од сите катчиња и делови на мајка Македонија со различни дијалекти, обичаи и традиции сепак во душата и срцата со една желба и верба кон Бога се сплотивме заедно под покривот на нашата мајка црква и заеднчки со доброволен труд и слога изградивме македонски бедем и столб за сите нас а и за нашите идни поколенија кој ќе живеаат и творат на овие простори, веллат Македонците кои учествуваа во изградбата на новиот објект.
 
По повод осветувањето и пуштањето во употреба на објектот предвидена е и пригодна свеченост на која се очекува да присуствуваат голем број гости.

На истиот простор на 8- ми септември ќе биде оддржана и свеченост по повод Денот на независноста на Македонија.
Со овие две манифестации, Македонците во Виена ќе ја одбележат и прослават Независноста на Македонија, осветувањето на православниот храм кој се одржал на 13- ти  септември 2009 година, како и ставањето во употреба на новоизградениот објект кој се протега на површина од 1400 метри квадратни.

OhridNews