Денес, во просторите на ресторанот Фераро во Австралија се одржа комитски ручек по повод 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

На свеченоста присуствуваа пратеникот Васко Наумовски, Бети Коруновска, претседателите на ЗК на ВМРО ДПМНЕ од другите градови на Австралија и светскиот првак во карате Пеце Наумовски. Пред присутните се обрати претседателот на Унијата на Млади Сили на ВМРО ДПМНЕ – Австралија, Сашо Наумовски.

– На 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги стават основите на тоа, кое што ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Ние го исполнуваме заветот. Република Македонија од 1991 година достојно ги продолжува идеалите на следбениците на македонската револуционерна борба. Од славната Крушевска Република, од државотворниот АСНОМ, рече Наумовски.

Присутните ги поздрави и претседателот на ЗК на ВМРО ДПМНЕ за Мелбурн, Џими Котевски.

OhridNews