„Не сме против изучување на странски јазици, особено против изучување на јазикот на соседот, но исто така не можеме да бидеме неми набљудувачи околу обидот да се денационализира ова население по основ на исламот како албанско население“, стои меѓу другото, во соопштението од СМИР.
Реакцијата на Сојузот на Македонците со исламска религија следи откако струшкиот градоначалник Рамиз Мерко среде учебна година отвори две паралелки на албански јазик во основното училиште во Подгорци, иако тамошните жители не се Албанци.