Македонците славеа во Виена
По тој повод се оджа света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Европски Пимен. Кумовите принесоа погачи, а се одржа и лицитација на икони на која биле собрани 15.820 евра за црковната заедница. На покана на претседателот на Македонската црковна заедница во Виена, Димче Лазоски, на народната веселба присуствуваа претставници на македонската амбасада во Виена, од Социјалистичката партија на Австрија, како и други гости.