Илјадници километри далеку од дома, Македонските верници го славеа Христовото Воскресение и Велигден во десеттина Македонски цркви и манастири во Викторија и подрачјето на Мелбурн. Се славеше и во црквата Свети Ѓорѓи и Успение на Пресвета Богородица во Епинг која е првата Македонска православна црква изградена надвор од Македонија, што годинава славеше половина век од постоењето. 50 годишната прослава на Христовото воскресение и светнувањето на првото Свети Климентовото кандило на петтиот континент и историјата на овој наш храм не обрзува да го чуваме вечно запален црковниот пламен кој свети на овие простори и секаде до каде не има Македонците. -беше речено на празничната богослужба.
Синоќа на полноќ Македонските Верници од повеќе генерации ја следеа Воскресенската богослужба, си го честитаа празникот, се кршеа со Велигденски јајца, палеа свеќи за здравје и среќа.
-Секогаш било вака масовно посетено. Илјаден народ е дојден овде да го прославивме воскресението на Исус Христос.- вели Дончо Каневче, иселеник од Охрид.
-Иако сме толку далеку од дома ги почитуваме и тука обичаите,си доаѓаме во црква во голем број. Да ни е на помош денот.-вели Ристо Николовски, иселеник од Штрбово.
Македонците во Австралија чиј број се проценува на повеќе од 300 илјади посакуваат да се сплотиме и без делби и раздори заедно со Македонците во татковината и светот да се бориме за решавање на отворените Македонски прашања за сочувување на името и идентитетот во овие критични времиња за Македонија.
Нека е за многу години Велигден, нека биде вечна Македонија,да е неуништива нашата вера , како што Исус оживеаа по смрта со неговото Воскреснување. Христос воскресна,Навистина воскресна!!!Со велигденската радост, среќен да ни е и за многу години празникот. – посакуваат нашите во Австралија.