Четириесет и двајца Македонци со постојано живеалиште во Србија, кои подолго време преку курсеви го изучуваат мајчиниот јазик, деновиве престојуваа во Охрид. Едукативната екскурзија ја организираше Здружението на Македонците од Јужно-Банатскиот регион. Во овој регион македонската заедница е една од поголемите во Србија и брои околу 6.000 Македонци, ни изјави Стојан Велевски, член на здружението.

Групата, како што не информираше Велевски е составена од различни возрасти, од ученици до студенти. Тие посетата на Охрид ја искористија за усовршување на мајчиниот јазик и запознaвање со културно-историското и духовното богатство на Охрид и Македонија. Во рамки на тридневниот престој во Охрид, тие го посетиле манастирот Св. Наум, како и Плаошник и другите културни знаменитости во стариот дел на Охрид.

Според последниот попис во Србија живеат  25.847 Македонци, од кои речиси половината во Војводина. Засега освен на курсеви,  тие не можат да го изучуваат македонскиот јазик во училиштата, но Здружението на Македонците во Србија интензивно работи на тоа, ни изјави Велевски.

Г.М.