Со поддршка на министерството за култура, во туристичка посета на Охрид наскоро ќе пристигнат Македонците од Пустец. Ова е само дел од организираните активности кои министерството ги превзема, со цел запознавање на културното и историското наследство на Македонија.  Освен Охрид, тие ќе имаат можност да посетат уште неколку други места и познати локалитети во земјава.


Министерот за култура Елизабета Канческа- Милеска при својата неодамнешна посета на Пустец- Албанаија, со неколку градоначалници од општините во Албанија во кои живеат македонци, договори и финансирање на манифестации и проекти со цел популаризирање на македонската култура во регионите во Албанија во кои живее етничко македонско население.  


Одржувањето на фолклорен фестивал во повеќе региони, како и презентација на македонскиот фолклор преку турнејата на Ансамблот за народни игри и песни од Македонија „Танец“  во Пустец, Корча, Елбасан, Тирана и Драч, е само дел од договорените активности кои ќе следат.

OhridNews