Еден повреден и четворица приведени е билансот од судирот на Македонци со грчката полиција синоќа. Македонците од северот на Грција вчера започнаа протести против одвивање на силните воени вежби на грчката армија во тој реон. Тие застанале пред грчките тенкови со цел да ги попречат при што интервенирала специјалната полиција на Грција.
Македонците од северот на Грција бараат армијата да се воздржи од употреба на тенкови во вежбата во реоните каде што се наоѓаат нивните ниви, како и да не се употребува боева муниција.
Инцидентот го потврди и партијата на Македонците во Грција, „Виножито“, а загриженост за ситуацијата изрази и македонската влада.
Ohridnews