Околу 150 Македонци од светот и педесетина гости од Македонија, ќе земат учество на Манифестацијата “ЗАЕДНО ДОМА ВО МАКЕДОНИЈА“ што од 1 до 7 август ќе се одржи во Охрид.

Во рамки на манифестацијата  ќе се одржи Фубалско првенство на Македонците од 9 држави. Исто така предвидена е и специјална туристичка презентација на Охрид и околината, како и запознавање со културното, историско и духовно богатство на Макдонија. За учесниците ќе биде организирано и крстарење по Охридското Езеро и пикник во Вевчани.

Организаторот на манифестацијата е Здружението на македонците од светот “КОРЕНИ“.

ohridnews