Македонците навреме не го организираат својот одмор, сметаат преставниците на туристичките агенции. Според нив македонците немаат навика да резервираат аранжман со време, туку тоа го прават во последен момент. На тој начин според нив се отежнува работата и на туристичките агенции.


Дваесетина  туристички агенции деновиве во Скопје учествуваат на саемот за туристички агенции на кој се промовираат хит дестинациите за ова лето. Меѓу најбараните дестинации за летување од македонските граѓани се Турција, Албанија, Хрватска  и Црна Гора.

Ohridnews