По подолго време Македонија ќе нема фудбалер кој ќе ја претставува во најеминетното натпреварување под капата на УЕФА, Лигата на Шампиони. Со првите мечеви од групната фаза започнува 21-то издание на Лигата на Шампиони, кое порано беше нарекувано Куп на европските шампиони.


Челси ќе го брани трофејот освоен минатата сезона откако во финалето на пенали го совладаа Баерн Минхен. Овогодинешното финале ќе се игра на Вембли во Англија. Последно финале кое се играше на англискиот храм беше пред две години помеѓу Барселона – Манчестер Јунајтед, на крајот “блауграната“ триумфираше со 3-1.


Од година во година Лигата на Шампиони станува се погледена и повозбудлива, за тоа покажуваат фактите за големите заработувачки на клубовите, телевизиите а најголемата добивка ја има УЕФА која го организира ова натпреварување.

За жал оваа сезона македонски интернационалец или репрезентативец нема во Лигата на Шампиони и ќе треба да им се восхитуваме на магиите на Меси, Роналдо, Ибрахимовиќ, Руни и останатите.

Мх.П.