Ова го покажуваат резултатите од телефонската анкета спроведена врз 1.064 испитаници во периодот од 4 до 7. март, од страна на Институтот Димитрија Чуповски.
На прашање за која политичка партија би гласале доколку утре се одржат избори, 28,8% не знаеле, 25,1% не би гласале за ниедна партија, 24% би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 9,7% за СДСМ, 6,2% за ДУИ и 3,9% за ДПА.
Запрашани на кој политичар најмногу му веруваат, повторно мнозинството, односно 31,2% рекле дека никому не веруваат, 25,8 % му веруваат на актуелниот премиер Никола Груевски, 8,9% на Бранко Црвенковски, 6,2% на Али Ахмети, додека 3,6% на Мендух Тачи.
извор:„Макфакс„