Граѓаните на Република Македонија најчесто гледаат информативна програма, покажуваат резултатите од телефонската анкета што во јуни ја спроведе Институтот за демократија „Социетас Цивилис“.
Според резултатите, од вкупниот број испитаници 38,2 отсто најчесто гледаат информативна програма, околу 34 отсто гледаат забавна програма, околу девет отсто едукативна програма, 7,9 отсто спорт, околу шест отсто контактни емисии, а 4,7 отсто се изјасниле дека не знаатили оти не гледаат.
На прашањето која телевизија има најточни вести најголем број испитаници одговориле дека тоа е А1 телевизија. Потоа следуваат Канал 5, АлсатМ, МТВ, Сител, Телма и на крај МТВ 2. Околу 21 отсто од испитаници немаат одговор на ова прашање.
Највисока оценка за квалитетот добиле странските телевизии, потоа националните, а најмалку локалните телевизии.
Според анкетата, најголема гледаност на телевизиските програми имало во периодот меѓу 17 и 18 часот. Во претпладневните часови се гледа помалку телевизија отколку попладне, а по 17 часот повеќе од половина од популацијата гледала телевизија во последниот викенд на месец јуни.